Твоите години...во коси распуштени ...побелени...
Како сребрена коприна разлелеани
Ги носиш...
На лицето набрчкано од смеа..тага и грижи...
На грбот свиткан од тежини слатки и горки...
На градите овиснати од доење на твоите најмили...
На стомакот...нафалтен..опуштен...
Твоите години...
Гордо ги носиш
На рацете со старечки пеги покриени...
На прстите од реума искривени...
На нозете со испукани капилари
Од товари секакви...
Ахххххх....
Твоите години сите ги бројат и гледат
Само Ти не...
Твоите години во срце ги носиш...
Во срце немирно...сеуште со љубов полно...
Кое во грло удира и те гуши
И здивот ти го зема...
И во крвта скриени се
Во мозок што удира
Како надојдена река што татни
И во уши се претвара во симфонија...
Твоите години...
Само Ти...
Ах Ти...
Со гордо дигната глава...
Со утроба што се превртува...
И копнее за повторно раѓање...
За друго време...друг живот...
Страст за лет во непознато...
Страст која урагани придвижува...
Која вулкани оживува...
Твоите години...во Душа ги носиш...
Ти си Божица...Љубов...Страст...
И Живот на сите Животи...
И Љубов...и Љубов...
На бели облаци што јаваш
И се смееш на времето...
И пркосиш на се’ што е земно и подземно...
Со страстта твоја планините ги подместуваш...
Твоите години...да...твоите години
Скриени во погледот...
Да ...во тие очи полни со жар...
Во здивот и мирисот...
И одот како лавица...
Или во виното...да...во виното
Што ја дава силата
И му пркосиш на времето...
На тие погледи полни со прашања...
На тие скришни шепотења и обвинувања
За твојата храброст,страстност...
Како изрод за некого...непристојност...
Па ти си Божица...
На врвот...на облаците...
Ти си Жена...Ти си Страст...
Со сребрено-златни зраци во косите...
И безброј слатко-горки траги на лицето...
Те сакам...
Многу те сакам....

,,Ајде заљуби се повторно,претвори ја сета прашина на овој свет во сјајно злато“
Руми